МИКС АЕРОБИК ЗА ПЕНЗИОНЕРИ
БЕСПЛАТНИ ТРЕНИНЗИ

БЕСПЛАТЕН АЕРОБИК ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Локација: ООУ „Блаже Конески“ - Аеродром
Термин:
Група 1: ПЕТОК од 18.30ч до 19.00ч.
Група 2: ПЕТОК од 19.00ч до 19.30ч
Првиот тренинг ќе биде во петок, 30-ти Октомври 2026 година.
Спортска опрема за тренинг:
Спортска облека, чисти патики, подлога за вежбање и шишенце со вода.
Поради капацитетот на салата, бројот на вежбачи е ограничен!
Местата ќе бидат доделени според редоследот на пријавување.
Инструктор: Лазар Иванов
Професор по физичко и здравственов образование
📲 Информации и пријавување:
078 441 235
🙌 Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за пензионерите и за лицата во трета доба, со цел поттикнување здрави животни навики, повеќе движење и подобро расположение.
🏃♀️➡️🏃 Преку рекреативен Микс Аеробик, пензионерите ќе имаат можност да останат физички активни, да ја подобрат подвижноста, да се дружат и да поминуваат квалитетно време во позитивна и пријатна атмосфера.
🧘♀️🧘 Тренинзите ќе бидат со низок и умерен интензитет, приспособени кон индивидуалните можности и физичката подготвеност на учесниците, со посебен акцент на правилното изведување на вежбите и безбедноста.
🤝 Активностите ќе ги води професорот по физичко и здравствено образование Лазар Иванов од „Микс Аеробик“, во соработка со Здружението на пензионери „Солидарност“ од Аеродром.
❣️ Грижата за здравјето, активноста и благосостојбата на пензионерите е важен дел од поддршката што ја овозможува Општина Аеродром. Преку ваквите активности, пензионерите ќе добијат можност бесплатно да се рекреираат, да создаваат здрави навики и да уживаат во придобивките од движењето и дружењето.
⚠️ Важна напомена: Се препорачува учесниците да се психофизички способни и да немаат лекарска забрана за практикување на овој вид физичка активност. При хронични заболувања, здравствени проблеми или физички ограничувања, се препорачува претходна консултација со лекар.
🍀 Општина Аеродром создава можности за активен, здрав и исполнет живот на пензионерите, со повеќе движење, дружење и радост секој ден.

РЕДОВНИ, КОМЕРЦИЈАЛНИ ТРЕНИНЗИ
Освен бесплатните имаме и редовни комерцијални тренинзи со мешани групи во однос на возраста, кои над дваесет години ги посетуваат вежбачи од различни возрасни категории, вклучувајќи и пензионери. Важна напомена за тие тренинзи е дека се со интензитет (умерен и висок) и за да се практикуваат вежбачите треба да се потполно здрави.
Комрцијални тренинзи имаме во:
ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром
ВТОРНИК и ЧЕТВРТОК од 18ч.
ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче
ВТОРНИК и ЧЕТВРТОК од 19.30ч.
Фарина“ во Кисела Вода
ПОНЕДЕЛНИК, и СРЕДА од 18ч., 19.05ч и 20.10ч.
Факултет за физичко образование, спорт и здравје, во Центар
ПОНЕДЕЛНИК, ВТОРНИК и ЧЕТВРТОК од 18.30ч.
Времетраење на тренинзите - 60 минути.
Редовна месечна членарина е 1990 денари, а за пензионери е предвиден ПОПУСТ и месечната членарина за нив изнесува 1500 денари.
Линк од видео од редовните тренинзи!

Редовната физичка активност е еден од најмоќните клучеви за одржување на виталноста, здравјето и независноста во третата доба. Иако често постои предрасуда дека вежбањето е резервирано само за младите, научните истражувања и искуството покажуваат дека телото реагира позитивно на движење без разлика на возраста.
Во продолжение се клучните бенефити од вежбањето во позните години:
1. Физичко здравје и виталност
Зајакнување на коските и мускулите: Со стареењето природно губиме мускулна маса (саркопенија) и коскена густина (остеопороза). Вежбите со отпор и кардио тренинзите го забавуваат овој процес, ја намалуваат опасноста од остеопороза и штитат од фрактури.
Подобрена рамнотежа и координација: Ова е една од најважните придобивки бидејќи директно ги намалува падовите и повредите (како скршеници на колкот), овозможувајќи им на постарите лица да останат независни во секојдневниот живот.
Здравје на кардиоваскуларниот систем: Умереното вежбање (како брзо одење, лесно пливање или возење стационарен велосипед) го регулира крвниот притисок, го подобрува циркулацискиот систем и го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.
Подобра подвижност и помалку болки во зглобовите: Активноста ги подмачкува зглобовите и ги одржува тетивите еластични, што значително ја намалува вкочанетоста и болките поврзани со артритисот.
2. Ментално и когнитивно здравје
Поостра меморија и фокус: Физичката активност го зголемува дотокот на крв и кислород до мозокот, со што се стимулира создавањето нови нервни врски. Ова го намалува ризикот од деменција и когнитивен пад.
Намалување на стресот и подобар сон: Вежбањето стимулира лачење на хормоните на среќа (ендорфин), кои помагаат во борбата против депресијата, анксиозноста и осаменоста, а истовремено носат подлабок и поредов сон.
3. Социјални придобивки
Вежбите во група (како гимнастика за сениори, јога за стари лица или организирано пешачење) се одлична можност за дружење, стекнување нови пријатели и задржување на чувството на припадност и заедница.
Важна забелешка: Пред почнување со било каков нов режим на вежбање во третата доба, секогаш е препорачливо да се консултирате со матичен лекар или специјалист, со цел програмата да биде целосно прилагодена на здравствената состојба и индивидуалните можности.


ООУ „Блаже Конески“ Ноември 2026 година.

ООУ „Блаже Конески“ Ноември 2026 година.

ООУ „Блаже Конески“ Ноември 2026 година.

ООУ „Блаже Конески“ Ноември 2026 година.

ООУ „Блаже Конески“ Ноември 2026 година.

ООУ „Блаже Конески“ Ноември 2026 година.

ООУ „Блаже Конески“ Ноември 2026 година.

ООУ „Блаже Конески“ Ноември 2026 година.