КАМБЕК ПО 18 ГОДИНИ
ЛАЗАР ИВАНОВ
ДРЖАВЕН ШАМПИОН
КАТЕГОРИЈА - МАСТЕР ФИЗИК 2025г.

Натпреварувачката кариера ја завршив пред 18 години како државен шампион во фитнес, балкански вицешампион и осмо место на европско првенство во фитнес и мислев дека ми е доста. Но ете, 18 години подоцна повторно на сцена.
Како искусен тренер моите вежбачи меѓу другото ги мотивирам и со приказни од моите шампионски денови до пред 18 години кога беше и моето последно натпреварување.
На почетокот на 2025-та година се случи нешто прекрасно, се разбуди љубовта и страста и се разбуди ,,ѕверот" во мене, па после многу години направив успешен камбек на крајот од 2025-та година и преку личен пример им демонстрирав дека ако се сака, се може! 2026-та нека биде ВАША година! Пробудете ја вашата страст и натпреварувајте се со најтешкиот противник - со СЕБЕ и подобрувајте се на дневна основа, а награда нека не биде остварување на крајната цел, туку уживањето во самиот процес! Додека ги совладувате препреките во себе, една по една, на патот кон остварување на вашата цел, при промената на навиките и начинот на живот, ви претстои внатрешна борба, промена на емоции, периоди кога не ви се станува од кревет и кога ви е доста од се', ви доаѓа да се откажете, но и покрај тоа продолжувате напред, решени да успеете по секоја цена. Додека сите ја гледаат вашата енергичност и насмевка, мислејќи дека ви е лесно, вие продолжувате внатрешно да ја биете битката со самите себе, дури и кога имате насмевка на лице и во најтешките моменти. Најголемиот раст и зајакнување на карактерот се случува кога ни е најтешко!
Најлесно е да се откажете, но покажете се кога е најтешко!









